Сезонски совети

Болка или притисок во градите

Подобро проверка отколку сомнеж

Важно: ако болката или притисокот во градите се јавуваат нагло, траат подолго од неколку минути, не попуштаат при мирување или се придружени со отежнато дишење, студена пот, гадење или ширење кон раката/вилицата – веднаш повикајте итна медицинска помош на 194. Советите подолу се однесуваат на повторувачки или нејасни тегоби без итни знаци.

Не секој симптом значи сериозна состојба, но најважно е да се добие стручна проценка, особено ако има фактори на ризик или ако симптомите се повторуваат.

Предлог-прегледи

  • Кардиолошка проценка + ЕКГ
  • Ехо на срце (по индикација)
  • Холтер ЕКГ (ако има прескокнувања или симптоми што се јавуваат во текот на денот)

Содржината е од општ, едукативен карактер и не претставува медицински совет за конкретен пациент. При симптоми закажете преглед; при итни состојби јавете се на 194.