Услуги
Гинекологија и акушерство
Гинеколошката дијагностика опфаќа превентивни, контролни и дијагностички прегледи, со акцент на рано откривање и правилно следење на женското здравје.
Кога да закажете преглед
- Редовна годишна контрола
- Нередовни менструални циклуси
- Болка во малата карлица
- Исцедок или инфекција
- Превентивен скрининг
- Планирање на бременост
Што добивате
- Детален преглед и ултразвучна проценка
- Јасно објаснување на наодите
- Препорака за третман или следење
- Насоки за превентивна грижа
Што нудиме
- Гинеколошки преглед
- Гинеколошки ултразвук (трансвагинален/абдоминален)
- ПАП-тест (цитолошки скрининг)
- Колпоскопија (детален преглед на грлото на матката)
- Брисеви и микробиолошки тестови (по индикација)
- Ултразвук и мамографија на дојки
- Избор на матичен гинеколог
Лекар
д-р Гордана Кипроска
специјалист гинеколог-акушер
Во април 2024 година се приклучи кон тимот на центарот. Избрана за асистент на Катедрата за гинекологија и акушерство во Скопје (2003); курс за ултразвучен скрининг во првиот триместар (Фондација за фетална медицина – FMF, 2005); сертификат за 3D/2D ултразвук во акушерство и гинекологија (школа „Јан Доналд“, 2012); обука за колпоскопија (Европска федерација за колпоскопија – EFC, 2013). Автор на 15 и коавтор на повеќе од 30 научни трудови.
Поврзани совети
Гинекологија
Превентивни гинеколошки прегледи и скрининг
Важноста на редовните контроли за рано откривање и превенција на здравствени проблеми.
Прочитајте повеќе
Превенција
Контроли на дојка: што, кога и зошто
Водич за превентивни прегледи и кога треба да се закаже контролен преглед.
Прочитајте повеќе
Сезонски совети
Женско здравје
Зимата е идеален период за превентивен преглед
Прочитајте повеќе
Не сте сигурни кој преглед Ви треба?
Јавете се – ќе Ве насочиме и ќе го закажеме соодветниот термин.