Сезонски совети

Тироидна жлезда во зима

Кога да се провери TSH и да се направи ехо?

Тироидната жлезда влијае на енергијата, терморегулацијата, пулсот и телесната тежина. Во зима симптомите како студени раце/нозе, замор, поспорост, промени во тежината или пулсот често се припишуваат на „сезоната“, но кај дел од пациентите се поврзани со тироидната функција.

Симптоми што заслужуваат проверка

  • Замор, чувство на студ, сува кожа
  • Опаѓање на косата
  • Забрзан/успорен пулс
  • Тремор, нервоза
  • Промени во тежината

Предлог-испитувања

  • TSH ± fT4
  • Ехо на тироидна жлезда (особено при зголемување, јазли или фамилијарен ризик)

Содржината е од општ, едукативен карактер и не претставува медицински совет за конкретен пациент. При симптоми закажете преглед; при итни состојби јавете се на 194.