Заморот понекогаш е последица на слаб сон и стрес, но кога е упорен, важно е да се направи рационална проверка. Целта не е „да се прави сè“, туку да се проверат клучните параметри што најчесто даваат одговор. Најчести причини во зима: постинфективна состојба, анемија, воспаление, проблеми со тироидната жлезда, осцилации на шеќерот.
Предлог-испитувања (по проценка)
- Крвна слика
- CRP
- Гликемија ± HbA1c
- По потреба: тироидни хормони (TSH ± fT4)
Содржината е од општ, едукативен карактер и не претставува медицински совет за конкретен пациент. При симптоми закажете преглед; при итни состојби јавете се на 194.